речник контакт

ОК ВМРО-ДПМНЕ Велес - 2019-та е година на лаги, сиромаштија и бесперспективност

Опозициската партија ја оценува работата на власта на локално ниво

Петар Печков

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција, на која говореше Александар Јамалов - член на ОК Велес, ја резимираше изминатата 2019-та година.  Направи споредба помеѓу тоа  што граѓаните го очекувале  од локалната власт и она што до нив било  испорачано како реализација на ветувањата од пред  две години. 

Граѓаните на Велес испратија  година исполнета со лаги, неисполнети ветувања, катастрофален животен стандард , сиромаштија и бесперспективност, година на разочарувачки потфрлања во сите сегменти на велешкото секојдневие, благодарение на СДСМ и  најлошиот мандат на двоецот на Аце Коцевски и Ненад Коциќ во кој Велес ја губи трката дури и со помали градски средини, тонејќи во неработење, нестручност и бесперспективност, проследени со тешки потфрлања во сите сфери.  Поминува година во која како да навикнавме во Велес да не се случува ништо. Нема реализација на ниту една капитална инвестиција, нема ниту една нова фабрика, иако толку многу се најавуваше, нема ниту култура ни културни настани со кои се бележеа делата на нашите сограѓани, културата по која со децении Велес се издвојуваше од останатите градови во Македонија.  Нема решенија за сообраќајниот хаос во градот кој дополнително од ден на ден со "иновациите" се зголемува. Нема одговорност за многуте пари потрошени за јавните претпријатија кои беа така помпезно најавувани при нивното формирање, а не успеаја да сработат ништо, дури не бевме удостоен ниту со финансиски извештаи за нивното домаќинско работење - кажа Јамалов. 

Според него ефекти нема ниту во екологијата  и економијата.

Нема здрава животна средина иако екологистот кој е на чело на Советот на општина Велес толку гордо ја промовираше. Се случија неколку еколошки катастрофи во градот тргнувајќи од пожарите, завршувајќи со труењето од фабриките. Градот тоне во очај, а иселувањето стана нешто за што само сме слушале, а сега секојдневно сме сведоци како нашите најблиски заминуваат по светот полни со разочарување и надеж за подобра иднина, правда и правдина… Останаа само партиските вработувања и непотизмот, задоволување на потребите на партиските активисти и советниците од власта, како и ароганцијата на властодршците и непочитувањето на неистомислениците. Градоначалникот официјално дури почна да ги дели и вработените во општината на наши и ваши.  За секој потег останаа само изговори и празни ветувања и обвинувања за немањето идеи кон оние од кои не зависи веќе ништо - додаде Јамалов.   

Тој  ја искористи можноста на прес конференцијата да ја честита Новата 2020-та година .

Од срце Ви посакуваме оваа година да Ви биде подобра од претходната, повеќе здравје, среќа, хармонија во Вашите домови и подостоинствен живот, а на политичарите кои го водат градот и државата да се освестат и да почнат конечно да работат за интересите на граѓаните. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »