Петар Печков
Објавено: сабота, 25 април 2026
Одбојкарите на ОК Штип УГД се нови прваци, откако и во третиот натпревар го совладаа велешки ОК Борец со максимални 3:0. Штипјани беа за класа подобар противник и не дадоа шанса на велешани да размислуваат дека можат да направат изненадување. Во три натпревари ОК Борец не освои ниту сет и го забележаа седмиот пораз ова првенство од далеку подобриот противник, ОК Штип УГД кој заслужено се радуваше на титулата. Велешани и на овој натпревар имаа проблем со сервисот, со смечевите на странците Бразилците, кои покажаа сила само против далеку послабите екипи, но не и во финалето, велешани немаа блок лош прием и се тоа резултираше со победа на штипјани. Со овој натпревар ОК Борец ја заврши сезоната како второпласиран и финалисти во Купот.
Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ одиграа два натпревари од Првата лига, победија и се поразени. Славеа над нсикопласиранито ППК Дебар маало кој е претпоследен со 4:1 и загубија од ППК Берово 1 со 4:2, Беровчани од 13 кола имаа пет победи и беа 7-ми од десет екипи. Ова е втор пораз за велешани но и натаму се лидери.
ТАБЕЛА
1. Борец 14 12 2 52:21 26
2. Младост 14 11 3 48:19 25
3. Студент 14 10 4 46:23 24
4. Куманово 14 9 5 42:34 23
Во следните две кола ППК Борец за противници ги има ППК Пелистер(6-ти со 20 бода) и ППК Телеком НЕЦ (8-ми со 18 бода) .
| Tweet |




