Петар Печков
Објавено: петок, 02 јули 2021
Општинската организација на СДСМ за Велес на нивниот ФБ профил објави дека имаат нов претседател. Тоа е Даница Чадиева, дипломиран правник, која во следниот период ќе ја води партијата на општинско ниво.
Чадиева доаѓа на оваа позиција откако две години претседател беше Стево Крстевски.
Изборот беше откако на почетокот на месецов, СДСМ објави Повик за за самокандидирање на претседатели на Општинските организации во Велес и Охрид.
Tweet |