Петар Печков
Објавено: сабота, 21 април 2018
За Денот на Планетата Земја учениците и вработените ОУ,,Блаже Конески во петокот организираа собирни акциии на пастика и хартија како и собирање на електронски отпад ,батерии. Оваа активност беше во пресрет на 22 Април -Денот на планетата Земја ,а на покана на Здружението на граѓани ОХО. Училиштето годинава се вклучи со реализација иновативни идеи за подигнање на еколошка свест и создавање позитивни промени кои ќе доведат до поодржлива иднина.
Иновација беше вклучувањето на локалното население кое гравитира околу училиштето во сите собирни акции и активности .Со задоволство можеме да истакнеме дека имавме масовно вклучување и на родителите и бизнис секторот во овие собирни акции. За поздравување беше и уредувањето на внтрешноста на училиштето со цртање и фарбање со еколошки бои и со пригодни пораки за нашите ученици. Резултат од овие активности се собрани 410 кг пластика, 1410 кг хартија, 7кг батерии, 10 тина парчиња електронски отпад –изјави Славица Петрова одделенски наставник во училиштето
Tweet |