Петар Печков
Објавено: вторник, 20 ноември 2018
По повод 16ноември Светскиот ден на еколошките движења во ОУ Блаже Конески се одржа промоцијата на проектот на Техничко- технолошкиот факултет од Велес при УКО од Битола. Со ова училиштето доби два контејнери и 12 канти за селекција на отпад и тоа е прво од градот кое ја доби оваа донација. Контејнерите и кантите е наменети за селектирање на пластика и хартија при фрлањето на отпад. Проектот е насловен ,,Стимулирање на учество на граѓаните во рециклирачки процеси, преку бенефит систем,, и е кофинансиран од ЕУ. Целта е да се селектира отпадот, но учесниците за тоа да добијат финансиски надомест.
Учениците со собраните количества покажуваат интерес а училиштето систематски работело на селекцијата на отпадот. Сметаме дека преку овој проект младите ќе ја пренесат пораката на постарите, да направиме систем. Затоа наша целна група се учениците од основните и средни училишта од Велес и градинките. Ние им обезбедуваме средства -контејнери и канти, оти регистриравме дек им недостига инфраструктура. Но тие треба да се сочуваат за подолго период, системот да има одржливост и секако корист. За собирањето на отпадот секој како институција да добие награда од финансиски аспект. Работиме на систем каде секое училиште ќе биде наградено според количината која ќе ја собере - кажа проф. д-р Зора Узуноска од ТТФ. Во проектот се вклучени пет земји Албанија,Бугарија, Грција, Кипар и Македонија. Вкупниот фонд е 110 илјади евра а секој учесник треба да одвои средства за да учествува, кој потоа се враќаат. Прво од училиштата во Велес контејнери и канти доби ОУ Блаже Конески.
Само за еден ден нашите ученици собраа 340 кг пластика, 800 кг хартија, 16 парчиња електронска отпад и 5 кг батерии во еко акција организиран за Светскиот ден на еколошките движења. Оваа донација ќе биде добредојдена учениците да продолжат да го селектираат отпадот и во следниот период за изведување нови собирни акции - кажа Славица Петрова координатор на еколошка програма во ОУ Блаже Конески.
Tweet |