речник контакт

ОУ Блаже Конески најеколошко училиште

Годинава учениците собраа најмногу корисен смет и добија телевизор

Петар Печков

На завршната новогодишна свеченост, која ја организираше Општина Велес беа доделени и признанијата за најуспешните училишта за собирање отпад. Тоа беше во рамките на акцијата ,,Прогласување на најдобар собирен центар за отпад во училиште и во градинка,, 

Првото место им припадна на учениците од ОУ Блаже Конески со собрани 4 м3 електронски отпад и 27 кг отпад од батерии. За ова добија телевизорот, подарок од непрофитното друштво ,,Нулта отпад,, .

Второ место добија учениците од ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот,, но со далеку помалку собран е -отпад. Пофалници добија ОУ Рајко Жинзифов и Детските градинки.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »