Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јуни 2016
Две велешки основни училишта се најдоа на листата на Министерството за образование како најбезбедни и најчисти за учебната 2015/6 година. Тоа се ОУ Васил Главинов како втор, ОУ Рајко Жинзифов трето место.
За најбезбедно и најчисто основни училишта избрано е ООУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци. Изборот го извршила стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта.
Ова е награда за континуирана работа за подигнување на свеста на учениците и персоналот за здрав и чиста средина. Исто така се вложува во безбедноста за учениците додека престојуваат на училиште – велат раководителите на овие две образовни институции.
Во категоријата на средни училишта, за најбезбедни и најчисти училишта избрани се: СЕТУГС „Михајло Пупин“- Скопје - прво место; СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје - второ место и ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово - трето место.
Прво наградените основно/средно училиште ќе добијат смарт табла која ќе биде обезбедена од страна на Министерството за образование и наука, додека наградите за второто и третото место ќе бидат обезбедени од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Tweet |