речник контакт

Обвинение за велешанецот кој силуваше сосетка, во два наврати

М.С. (55 год) се наоѓа во притвор

Петар Печков

Велешкото обвинителство експресно, за два месеци,   го заврши  случајот со кој велешанец се сомничеше дека ја силувал сосетката. Денес ОЈО Велес информираше дека до Основен суд Велес, е поднесен обвинителен акт против М.С. ( 55 год) од Велес  за сторено едно продолжено кривично дело „Силување“.

Обвинетиот искористувајќи исти прилики, како сосед на оштетената,  во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз неа. На 17-ти септември околу 22 часот префрлувајќи се преку оградниот ѕид од улицата влегол во дворот од куќата на оштетената, а откако таа излегла на влезната врата,  ја турнал и насилно влегол во куќата.   Потоа употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден,  околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело кое со поднесеното обвинение му се става на товар - соопштија од ОЈО Велес

Имајќи го предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на обвинетиот, како  и фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од  Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес заедно со обвинението поднел и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »