речник контакт

Обвинение за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат

Основен суд Велес треба да закаже рочиште за овој предмет

Петар Печков

Велешкото обвинителство поднесе обвинителен предлог  против О.К. (42 год) од Велес и Н.К. (46 год). 

О.К. е обвинето е за кривично дело  „Посебни случаи на фалсификување исправа“ од член 379 став 1 точка 2, како и за кривично дело – Употреба на исправа со невистинита содржина согласно член 280 став 1 од Кривичниот законик, додека вториот обвинет  Н.К. се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина.

„На 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш се уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија. Ваквите исправи, со помош на вториот обвинет, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација. Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано“- соопштија од ОЈО Велес.

Бидејќи станува збор за обвинителен предлог, не акт, нема оценка од кривичниот совет, па во најскоро време се очекува да биде закажано и првото рочиште за овој предмет во Основен суд Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »