речник контакт

Обвинение и притвор за жител на Горно Оризари кој предизвика пожар

На С.Ц. (25 год) ќе му се суди за кривичното дело Предизвикување општа опасност

Петар Печков

Жител на Горно Оризари, С.Ц. кој беше затекнат од пoлицијата како предизвикува пожар, на локална депонија, експресно доби обвинение и ќе седне на обвинителна клупа во Основен суд Велес.

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог, за обвинетиот  за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна  затвор од шест месеци до пет години.

„Обвинетиот 25-годишник, на 21 јули, на дива депонија во селото, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил. Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил. Со тоа обвинетиот предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во околните села. Опасноста да биде предизвикана штета од големи размери со ваквите дејствија на обвинетиот е особено изразена со оглед на алармантната состојба со пожарите во околината на Велес и на територијата на целата држава“- соопштија од ОЈО Велес.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судот го прифатил предлогот и ја определи бараната притворска мерка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »