Петар Печков
Објавено: вторник, 19 март 2019
Обвинетиот Коста Карајанов од Гевгелија (58 год) не го признава дека во удрил со неговиот автомобил Далибор Вучков (33 год) од Аџиматово, и потоа побегнал а од здобиените повреди пешакот кој бил на коловозот, подоцна починал.
По една година од сообраќајката која се случи на 5-ти март 2018-та, започна судењето на обвинетиот Карајанов, кој се товари за две кривични дела ,,Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот,, и за ,, неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода,,.
Тој на прашањето од судијката Валентина Ѓоргиевска дали се чувствува за виновен, кратко кажа ,,не,,. И додека Карајанов се чувствува за невин, сведоците посочија дека тој бил на местото од сообраќајката, веднаш после повредениот Вучков.
Беше приквечер, си одев за Кавадарци, кога на патот забележав возило како стои на пат и му работат четири трепкачи. Потоа забележав и нешто црно на средина од патот за на 20-тинја метри од него видов дека е човек во лежечка состојба. Излегов да видам што е, тој дишеше тешко, беше повреден на телото и веднаш повикав брза помош и потоа полиција. Започна коли да доаѓаат од двата прваци, сите сопираа и се создаде колона. Тогаш од автомобилот пред нас темно сина боја со гевгелиски регистарски таблички излезе човек, овде присутниот (при што покажа со прст кон обвинетиот) ме праша што е ова за човекот на патот, му одговорив човек а тој нешто промрморе и замина. По некое време неговото возило го немаше а беше после човекот на патот едно 50-тина метри - рече О. З. сведок.
Слична беше изјавата и на вториот сведок М.М. од Кавадарци, која била во возилото заедно со другиот сведок.
На патот близу Агриа видовме нешто на коловозот,за по некое време кога се приближивме да констатираме дека е човек, кој лежеше на средината. После него беше возило форд галакси или форд шаран темно син, тој стоеше. Кога излеговме надвор видовме дека е жив и тешко дише за по некое време да дојде лицето од судницата (покажувајќи кон обвинетиот) и не праша што е ова. Му рековме човек а тој рече ,,хм човек,,. Потоа дојдоа други автомобили, сопреа излегоа од колите а овде присутниот со неговата коа, ги снема - рече М.
Обвинетиот Коста Карајанов на 05.03.2018 година, како учесник во сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско, управувал патнички автомобил марка Фолксваген Шаран со неприспособена брзина на условите на патот. На тој начин осомничениот не се придржувал кон од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што ги довел во опасност животот и телото на луѓето.
Во услови на дождливо време и влажен коловоз, а при стемнување, тој не ја намалил брзината на движење на возилото, при што нејасно забележал дека на коловозот во лежечка положба се наоѓа едно лице во алкохолизирана состојба. Осомничениот започнал дејствие на заобиколување, но тоа го направил во недоволен лак и налетал на телото на оштетениот, нанесувајќи му тешки повреди.
По настанот, осомничениот го оставил повреденото лице без помош и заминал во правец кон Гевгелија. Нанесените повреди кај оштетениот довеле до загуба на крв и нарушување на работата на витално важни органи, што подоцна во велешката Болница резултирало со смртен исход.
Tweet |