речник контакт

Обвинетиот возач за сообраќајка со една жртва смета дека локомотивата возела брзо, вештото лице дека возачот не сопрел на патниот премин

На следното рочиште ќе бидат кажани завршните зборови на обвинителството и одбраната, за сообраќајката на железничкиот патен премин кај Ногаевци

Петар Печков

Обвинетиот таксист  Љубе Трајковски (66 год)  на неговото сведочење за сообраќајна несреќа, која одзеде млад живот, тврдеше дека таа е предизвикана од сплет на околности, на кои тој не влијаел, и истата се случила. Повтори дека не се чувствува за виновен.

„Возот возеше брзо, ниту свирна дек доаѓа. Околу железничкиот премин има многу џбунови и дрва, од кои нема прегледност дали иде или не воз. Не го водов, нема сигнал. Ако сопрев на пругата сите ќе загиневме. Локомотивата сопре на 300 метри, не на 40 како што пишува во обвинението. Задниот десен дел од автомобилот,  го удри со скалилата за машиновозачот до кабината. Потоа не занесе и  удри во металниот столб, па се извртевме и вагоните што доаѓаа не удираа и кршеа. Нема прегледност на овој премин“ - кажа во своја добрана Трајковски. 

Тој е обвинет за сообраќајката кај Ногаевци, во која почина Мартин  Ѓорѓиев (23 год). додека Ацо Велков, Славе Велков и Лепа Димитрова се здобија  со тешки повреди. Сообраќајка се случи на 10-ти февруари2020 година, околу 12,10 ч.

Трајковски се товари за кривичното дело „тешки дела против  безбедноста на луѓето и имотот, во сообраќајот“ кое го сторил со умисла.  Обвинителката Цветанка Богоевска во воведниот говор кажа  дека возачот не ги почитувал сообраќајните правила и прописи.

На судското  рочиште  сведочеше, Златко Стоилковски, дипл. сообраќаен инженер, професор на Техничкиот факултет  во Битола.

„Пропустот направен од возачот на автомобилот е во директно причинско- последична врска сообраќајната несреќа. Наместо да го  сопре возилото во состојба на мирување и ја увиди состојба на преминот  и пругата, тој продолжил со движење. Ако сопрел ќе го забележел доаѓањето на возот, од неговата десна страна. Од видео записот се гледа дека не сопрел, туку преминал во „налет“ - кажа Стоилковски.  

На следното рочиште ќе бидат кажани завршните зборови на обвинителството и одбраната. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »