речник контакт

Обвинетите браќа Кантурови, сведочеа за обидот за убиство над полицаецот Мемедалиев

Тројцата браќа кажаа дека критичниот момент биле под дејство на опијати, Џохан од лекови а Орхан и Мустафа под марихуана

Петар Печков

Обвинетите браќа Џохан, Орхан и  Мустафа, денес во продолжение од судскиот процес во кој тие се обвинети, сведочеа  co нивно видување на настанoт од 2-ри февруари годинава на гробиштата од црквата Св. Спас.

Според обвинението   Џохан се товари за убиство во обид, додека Орхан и Мустафа за помагање при обид за убиство  над полицаецот Ердинч Мемедалиев и  напад на службено лице, полицајката,  при вршење наработи од безбедноста. 

Тројцата браќа кажаа дека критичниот момент биле под дејство на опијати, Џохан од лекови а Орхан и Мустафа под марихуана.  Прв сведочеше најстариот брат од семејството Кантурови Џохан ( 32 год)  

Со Ердинч се познавам 30 години и тој постојано ме малтретираше. Бевме на муслиманските гробишта, браќата пушеа трева и го видовме Ердинч како иде со една девојка. Викаме не пазат.  Брат ми Муто ( мисли на Мустафа) отиде да ги праша зошто не следат а Ердинч му удри тупаница и брат ми беше целиот во крв. Отидовме да ја смириме ситуацијата. Јас бев под апчиња. Ердинч го фрли пиштолот на земја, го земав и пукав два пати кон него и потоа отидов дома - рече Џохан. На прашање од одбраната какви лекови пие, објасни „многу јаки апчиња за да ми биде убаво„.

Потоа сведочеше Мустафа Катнуров ( 30 год), кого браќата го нарекуваа Муто. Тој кажа дека брат му Џохан не го знаел добро македонскиот и затоа не објаснил добро што се случувало. Но затоа тој ќе раскажел како било.

Критичниот ден околу 10 саат бевме на гробиштата, со брат ми имавме криза и затоа пушевме марихуана. Видовме дека не следи Ердинч, со една  девојка, мислевме дека му е ќерка.  Отидов да го прашам зошто не следи. Јас зборував македонски, тој турски и побара да зборувам турски, мислам за да не бе разбере девојката оти дознав дека му била колешка. Јас се спротивставив и ме удри, неколку пати во гради и еднаш со глававо лице и ме раскрвари.   Браќата дојдоа да не разделат. А Орхан за да ме смири ми удри и два шамари.   Џохан  го праша Ердинч зошто ме удри а овој му рече, ти ли ќе ми кажуваш, па Џохан го дури и Ердинч заедно со Орхан и девојката паднаа на гробот. Ердинч го фрли пиштолот, Џохан го зема и пиштолот пукна. По ова Џохан отиде дома а јас и брат ми Орхан му помогнавме на Ердинч - го заврши сведочењето Мустафа.  

Трет сведочеше со негова верзија на настанот најмалиот брат Орхан Кантуров (29 год).  

Пушеме марихуана со брат ми а Ердинч не следеше. Муто отиде да го праша зошто не следи. Јас и Џохан слушнавме галама и видовме дека  Мустафа е во крв облеан. Отидовме таму. Ердинч ми вика, ти ме разбираш, ама брат ти не ме разбира. И јас му удрив два шамара  на Муто а на Ердинч му реков да си оди.  Но тој ми удри во лице и  ми скрши заб. Го турнав оти бев дрогиран. Ердинч падна, ме повлече и мене и уште некого.  Ердинч извади пиштол и сакаше да пука, јас го фанав за рака и пиштолот падна на земја. Брат ми Џохан го зема и пиштолот пукна. Џохан замина дома  а јас и брат ми Муто го кренавме Ердинч.  Девојката, воопшто никој не ја допре и не знаевме дека е полицајка. Мислевме дека е ќерка на Ердинч - кажа Орхан Кантуров.   

Сите тројца се пожалија дека кога биле во полициска станица во Велес, пред да им биде одреден притвор,  биле тепани од страна на полицијата.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »