речник контакт

Обвинетите за ланскиот пожар на езеро, не се чувствуваат за виновни

Обвинителството ги товари обвинетите дека го сториле со умисла

Петар Печков

Обвинетите за пожарот кој лани лето ја зафати околината на езеро Младост не cе чувствуваат виновни. Ова тие го кажаа денес на почетокот од судскиот процес во Основен суд Велес.  Тасе Илиевски,  ( 56 год),  Марјан Ангелов ( 53 год) и фирмата ДТТУ Реал градба која  ги ангажирала лицата, се обвинети за  „Тешки дела против општата сигурност“ и дека делото  предизвикување општа опасност, го сториле со умисла. Тројцата обвинети на прашањето од судијката Габриела Гајдова, дали се чувствуваат виновни, кратко одговорија „не“. 

Обвинителството ги товари дека при работите не презеле доволно мерки согласно правилникот за работа, од искри исфрлени од апарат за брусење пламнал пожар кој ја зафатил околината. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина. Според обвинителството пожарот бил со умисла. На ова се спротивставија бранителите на обвинетите.

Како може да се зборува за умисла, кога обвинетиот Илиевски прв се јавил во пожарна да го пријави пожарот, наместо да се награди тој кривично се гони. Огнот немало толку да се прошири ако возилата на територијалната противпожарна единица биле технички исправни - рече адвокатот Валентин Зафиров, бранител на обвинетиот Илиевски.
 
Обвинителството селективно врши избор на сведоци, тие што биле присутни кога пламнал огнот не ги повикува, туку некои други лица.  Kако може да се говори за умисла кога обвинтелството нема доказ  од што е предизвикан пожар  - рече Ивица Ефремов, бранител на Ангелов.
 
Судењето продолжува на крајот од август со сослушување на сведоците.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »