речник контакт

Обвинетите за смртта на малата Тамара, не чувствуваат вина се изјаснија пред судот во Скопје

Обвинети се 12 лица, меѓу нив не е и тогашниот министер за здравство Тодоров

Петар Печков

На денешното судско рочиште во Кривичниот суд, откако беше прочитано обвинението, 12. обвинетите во предметот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинети се  Маја Парнаџиева – Змејкова и Џемаили Мехази, како директори на Фондот за здравствено осигурување, Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малолетната Тамара Димовска и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение. На листата  против кого има поднесено обвинеие не бил тогашниот  министер за здравство Никола Тодоров,

Од октомври 2014 година обвинетите како службени лица во јавни установи несовесно постапувале и го повредиле правото на детето Тамара Димовска. Дел од обвинетите на седница за давање оценка за упатување на лекување во странство,  не одобриле такво лекување со образложение дека операција може да се направи на клиника во Македонија, по што следела ратификација на таа одлука од страна на другиот дел од обвинетите. Со тоа обвинетите сториле кривично дело „несовесно работење во службата – рече обвинителката Наташа Гаџовска.

Малата Тамара Димовска во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.

Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »