Петар Печков
Објавено: сабота, 09 јуни 2007
Основното Јавно обвинителство од Велес подигна обвинителен акт против судијата Јордан Лазаров за сторени две кривични дела.
Лазаров е обвинет дека несовесно работел во службата и дека фалсификувал службени исправи а двата предмети се за ист случај развод на двајца сопружници.
Во предметот за несовесно работење во службата, Лазаров иако не бил дежурен судија во Основниот суд во Велес, го сработил предметот во тек на летниот одмор. Тој се товари дека постапил и спротивно на решението на Центарот за Социјални грижи, кој побарал се до добивањето на одговор од Германија, каде е родено детето тоа да не се доделува на ниту еден од родителите, бидејќи имало различно презиме од нивното, што не било почитувано.
Второто кривично дело за кое се товари судијата Лазаров е дека иако на расправата одржана на 24 јули, минатата година не биле присутни поротниците Д.С. и Ј.П. во записникот биле внесени невистинити податоци дека тие учествувале во работата. И наредниот ден на донесувањето на пресудата, било констатирано дека тие биле присутни иако физички биле отсутни. Наспроти тоа двајцата судии поротници дополнително биле повикани од страна на судијата и им биле дадени записниците да ги потпишат а истите биле употребени за донесување на пресудата, поради што се судијата Јордан Лазаров се товари дека сторил фалсификување на службена исправа.

Tweet |