Петар Печков
Објавено: среда, 08 април 2020
ОЈО Велес до Основен суд Велес доставил предлог за издавање казнен налог, за 21 лице од Велес кое не го почитувале полицискиот час.
Со предлогот се бара да им се изречат 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност, или во вкупна вредност од по 800 евра - во денарска против вредност.
13 од лицата додека е во сила Одлуката за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија од 16 до 5 часот наредниот ден, пеш или со возила во одделни кривично правни настани се движеле низ Велес.
Осум лица се обвинети дека во текот на викендот на 28 и 29.03.2020 година постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење од 16 до 5 часот наредниот ден, на територијата на Република Северна Македонија, донесена од Владата на РСМ. Во наведениот временски период, обвинетите во одделни кривично правни настани, со патнички автомобил или пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес. И за нив се бара глоба од 800 евра.
Tweet |