Петар Печков
Објавено: среда, 08 јули 2026
Обвинителството ја отфрлило кривичната пријава поднесена од СВР Велес, при крајот на минатата година, за кривичното дело „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, вчера оштетениот од убиство во обид, во кафеана ја нападнал вонбрачната партнерка, сега осомничена за кривичното дело.
„Поднесена била кривична пријава против сега оштетениот за загрозување на сигурноста, чл. 144 од Кривичниот законик. По сослушување на странките надлежен јавен обвинител донел решение за отфрлање по член 288 од ЗКП, во месец февруари годинава“ – информираа од ОЈО Велес.
Претходно од СВР Велес соопштија дека минатата година на 22 декември поднеле кривична пријава до ОЈО Велес за загрозување на сигурноста.
„На 14.12.2025 во угостителски објект во Велес сега оштетениот и се заканувал нa неговата вонбрачна партнерка Т.Д., по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица“ – информираа вчера од СВР Велес.
Во Законот за кривична постапка за членот 288 за причините за отфрлање на кривична пријава пишува: Јавниот обвинител со решение ја отфрла кривичната пријава ако од самата пријава произлегува дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност, ако настапила застареност или делото е опфатено со амнестија или помилување, ако постојат други околности што го исклучуваат гонењето или ако не постои основано сомневање дека пријавениот го сторил кривичното дело. Решението за отфрлање на кривичната пријава се доставува на оштетениот кој има право да поднесе жалба до повисокиот јавен обвинител.
Според досега познатото повредениот бил во стабилна здравствена состојба, немало повреди од убодот на ножот во виталните органи.
До инцидентот дошло откако критичниот ден, понеделникот околу 19ч. и ден претходно имало караници и недоразбирање помеѓу партнерите, кое кулминирало со убиство во обид од страна на велешанката Д.Т. над вонбрачниот партнер од Кавадарци, кој бил во брак.
| Tweet |




