Петар Печков
Објавено: четврток, 26 март 2015
Подрачното одделение на Државниот архив, во Велес обезбеди 400 архивски кутии материјал документација за експропријација, за аграрна реформа, за конфискација, за национализација , за земјиштен максимум, за арондација. Тие се преземен материјал од Министерство за финансии одделение за имотно- правни работи од канцелариите во Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија. Документите се за периодот од 1945 до 2003-та година а вкупна количина е 400 архивски кутии
Обезбедивме огромна документација која беше во депоата на министерства за финансии. Следи негова обработка, за во иднина да можат граѓаните на кои им е потребен било кој документ да го добијат, да биде достапна до нив. Ќе имама голема работа, за да ја средиме граѓата. Благодарност до одделенијата на кои ја сочувале документацијата и не ја уништиле .Таа остава трага како пишан документ од времето како тогаш се работело- рече раководителот Слободан Ников. Материјалот е достапен за секого, не е забранет.
Tweet |