речник контакт

Обезбедено патничко теренско возило за потребите на ЈКП Дервен

Возилото од марката SsangYong е обезбедено преку грант средства во износ од околу 2 милиони денари

Петар Печков

ЈКП Дервен доби  теренско патничко возило. Истото е обезбедено како дел од проектот за подобрување на општински услуги во соработка со Меѓународната банка за обнова и развој, преку проектната единица на Министерство за финансии и МСИП.

„Ова е второ теренско возило за општинските служби и претпријатија, после возилото обезбедено за ТППЕ Велес, а во наредниот период се очекуваат уште две нови возила со цел подобрување на услугите кон локалното население“ -соопштија од локалната власт.

Возилото од марката SsangYong е обезбедено преку грант средства во износ од околу 2 милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »