речник контакт

Обештетување на штедачите од штедилница „Киро Ќучук“

Започна обештетувањето на штедачите од пропаднатата штедилница „Киро Ќучук“ од Велес.

Петар Печков

Фондот за осигурување на депозити од Скопје започна со исплатата на средствата со кои се обештетуваат штедачите од штедилницата „Киро Ќучук“ од Велес.

Исплатата се врши преку банката исплатувач, во овој случај тоа е „Прокредит Банка“ АД Скопје филијала Велес и сите други нејзини експозитури и филијали во Македонија.

Штедачите треба до банката исплатувач да презентираат документ за идентификација, лична карта или пасош и потврда за сопственост на депозитот која се подигнува од штедилницата „Киро Ќучук“ ДОО Велес.

Штедачите ќе се обештетат во согласност со важечкиот законски пропис, до 10 илјади евра 100 отсто а над оваа вредност со 90 отсто.

Штедилницата „Киро Ќучук“ ДОО Велес беше ликвидирана минатата есен а во неа имаше околу 980 штедачи, најголемиот број вработени во АД Киро Ќучук а висината на штедните влогови во моментот на ликвидацијата беше 4,2 милиони евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »