Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 ноември 2015
Околу пладне, младо лице се обидело да ограби златара во центарот на Велес и тоа со закана од нож. Според сведоците од блиските дуќани, настанот се случил околу 11,30 часот во златара ,,Принцес,,.
Сторителот беше завиткан преку глава со шалче, само очите му се гледаа. Со нож се заканил во дуќанот, да му даде злато и пари од вработениот. Но тој храбро го извадил спрејот и попрскал во очи. По ова сторителот се даде во бегство и се упати кон паркингот пред Библиотека, избега натаму - вели очевидец од блиската подаваница.
Додава дека полицијата бргу дошла. Момчето, кое се обидело да ја ограби златара било фатено од страна на полицијата во Градскиот парк, објаснуваат велешани кои се затекнале таму на прошетка.
Според сведоците станувало збор за момче на 22 години ко е од блиското село Отовица. Од СВР Велес го потврдија настанот и соопштија дека повеќе детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.
Tweet |