речник контакт

Обид за убиство над сопругата од оризарец

T.M (71 год) жител на велешко Горно оризариво средата наутро во 5,30 часот се обидел да ја убие неговата сопруга Џ.М. ( 68 год)

Петар Печков

T.M сакајќи да ја усмрти, неколку пати ја удрил со секира по главата. За среќа брачниот пар, кој дотогаш живеел сам, имал гости, ќерката и зетот, кои биле сведоци на настанот. Ќерката запрепастена гледала како татко и ја удира мајка си  со секриа в глава, па на помош го повикала сопругот и го сопреле старецот во неговата намера да ја убие жена та. Била повикана Брза помош а кога дошла полиција старецот немо им ги подал рацете да му ги стават лисиците, го уапсат и однесат в полиција.

 

Старицата била пренесена во велешката Болница, од каде  поради сериозноста на повредите префрлена е во Ургентниот центар во СкопјкеS

 

 Пациентката е во животна опасност, затоа по реанимацијата веднаш одлучивме да ја пренесеме на скопските клиники. Таа беше примена на нашето одделение со видливи повреди на черепот, поточно со скршени коски од двете страни на главата , скршена слепоочна коска од едната страна како и со скршеници на левата рака и шака - изјави прим. др Филип Тодоровски трауматолог.

 

 Сторителот, поред соседите  најведројатно е психички растроена личност, која до пред неколку дена лежела во болница , во нервното одделение.

 

 

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »