речник контакт

Обидот за легализација на дивоградби во Рамина, каде се христијанските и муслиманските гробишта не мина кај советниците

Советниците изразија негодување на овие барања за легализација на диво изградени објекти на простор каде се муслимански и христијански гробишта

Петар Печков

Обидот за легализација на две дивоградби, кои биле изградени на локации каде се предвидени гробишта, не минаа на седница на Советот.   Во првиот случај тоа беше  куќа , два објекти од 34 и 4 м2. во месноста Рамина, на простор каде според Генералниот урбанистички план треба да има муслимански гробишта. Барањето за легализација е поднесено 30 октомври 2018 година. 

Во вториот случај се барало легализација на станбен објект, во кој живеат три семејства  со 250 м2 кросна површина на три кат, која е на земјиште  26 м2 и 14 м2. Овој објект е исто така на месноста Рамина, со тоа што е на простор каде според Генералниот урбанистички план треба да има православни  гробишта.

Советниците изразија негодување на овие барања за легализација на диво изградени објекти на простор каде се муслимански и христијански гробишта,  и со гласање против и воздржани, овие два точки не поминаа. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »