Петар Печков
Објавено: четврток, 01 декември 2011
Во детските забавни паркови ,,Дизни,, и ,,Тунел,, се спроведе акцијата од кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. Градоначалникот и дел од администрацијата на општина Велес, како и волонтери од извиднички одред ,,Димитар Влахов,, учениците од основните училишта Васил Главинов и ЈХК Џинот, Детски младински парламент, Клубот на младите од Црвениот Крст, членовите на Мировниот Корпус, Чекори на млади и Фондација Фокус ја реконструираа урбаната опрема на двете локации. Се офарбаа лулашките и останатата рекреативна опрема и се променија искршените клацкалки и клупи.
Целта на акцијата е да се поддигне свеста и одговорност на граѓаните, особено на младите кон зачувување на веќе поставената урбана опрема. Проектот ,,Зачувај, не уништувај,, е поддржан од Младински Образовен Форум, Фондација Отворено општество Македонија, Пријатели на Македонија и општина Велес со 30 илјади денари
Tweet |