речник контакт

Обновени парковските површини во градот и поставена нова урбана опрема

Извршено е обновување на урбаната опрема на неколку локации во градот

Петар Печков

Изминатите два месеци подигнати се или обновени нови парковски површини во градот, информираат од Општина Велес. ЈКП Дервен како изведувач, подигна нови мали зелени скверови пред  Здравствен дом, во комплекс Узус,  хортикултурано е уредена жардинјерата  по должина на  улицата “Благој Ѓорев” и засадени се 31   зимзелена садница. Исто така, просторот пред кафулињата од каде беа отстранети натстрешниците е обновен и хортукултурно уреден.

Во населбата Комплекс УЗУС е извршена и реконструкција на зеленилото, кроење и кастрење на неорганизираното зеленило, поставување на систем капка по капка и засадување на површините со трева. Поставен е и нов систем за наводнување во дворот на Гимназијата, спроти ЕВН. 

Овие  активности се предвидени согласно Програмата за подигнување на нови зелени површини за 2019 година и истите се од исклучителна важност за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, на амбиненталниот воздух и заштитата на животната средина. Упатуваме апел до граѓаните за зачувување на заедничката сопственост, со цел подолготрајно користење на опремата - велат од локалната власт. 

Во изминатиов период Општина Велес во соработка со ЈКП Дервен Велес извршено е обновување на урбаната опрема на неколку локации во градот. Обновени се 37 клупи, а 49 клупи, 12 корпи за отпадоци и 2 ракофати беа офарбани. Со фасадна боја е обоен ѕидот по должината на ул. “Благој Ѓорев” спроти  Гимназијата, како и пристапот кон Здравствениот дом. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »