Петар Печков
Објавено: среда, 03 јануари 2024
Во просториите на Здравствен дом Велес, кои се наоѓаат во објектот на Хигиенски, завршени се градежни работи. Тие започнаа во септември и опфаќаа обнова на стара дограма со нова, реновирање на тоалетите, поставување на нови подни плочки и молеро-фарбарски работи.
За оваа реконструкција Здравствениот дом издвои околу 2,5 милиони денари, од сопствениот буџет . Градежните работи започнаа во септември а беа завршени кон средината на месец декември, главен изведувач беше фирмата „Арт Инженеринг“ од Македонски Брод.
„Се работи за простор од околу 200 м2 во кој пациентите ќе ги добиваат здравствените услуги во реновиран простор со што сметаме дека и квалитетот на здравствените услуги ќе биде подобар, ако се има во предвид дека повеќе деции во овој дел на здравствениот дом не беше извршено реновирање на просторот. Тука е и енергетската ефикасност која установата ќе ја добие како резултат на обнова на дограмата. Им благодарам на пациентите, но и на медицинскиот персонал кои имаа разбирање и трпение во периодот на реновирање кога мораа да ги извршуваат прегледите, но сепак на крајот сите имаме бенфит од овој проект“ - кажа директорот Нино Николов.
Следен проект за кој посочи директорот Николов, а кој е планиран во Здравствениот дом е обнова на фасадата во главната зграда на Уред.
Tweet |