Петар Печков
Објавено: вторник, 22 ноември 2022
Инструктори од програмата „Сина храброст” од МВР и ИЦИТАП - програма при Амбасадата на САД во Скопје, одржаа обуки со полициски службеници од подрачјето на СВР Велес а се одржа во просториите на ОВР Кавадарци.
„Програмата “Сина храброст” е образовен и транформациски процес за зајакнување на личните и професионалните капацитети на полициските службеници и полициската организација во целина. Преку оваа програма се подигнуваат капацитетите на полициските службеници преку континуирана едукација и обука, притоа грижејќи се за личниот развој, здравјето и добросостојбата на полициските службеници“ - соопштија од МВР.
Ова е втора обука од циклусот на обуки согласно агендата, според која обуката треба да се спроведе со сите припадници на МВР.
Tweet |