речник контакт

Обука на невработени лица за пекари, слаткари, бравари и автомеханичари

Невработените лица вклучени во обуките ќе добиваат месечен надомест од 9.000 денари

Петар Печков

Агенцијата за вработување  за евидентираните невработени лица организира  обука за стекнување на вештини од занаети.  Обуките се однесуваат на следните занаети: бравари, пекари, слаткари и автомеханичари, сите  со завршено најмалку основно образование.

Обуката теоретски и практичен дел  ќе се реализира во период до шест  месеци во реални услови кај спроведувачот на обука.

Невработените лица вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката -теоретскиот и практичниот дел и успешно ќе го положат завршниот испит, ќе се стекнат со Сертификат пропишан од Занаетчиската комора. Повикот за  невработени лица е најдоцна до 15 март годинава. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »