Петар Печков
Објавено: петок, 10 март 2017
Стрип центар на Македонија со седиште во Велес го објави конкурсoт за интернационалниот стрип натпревар, којшто се организира во склоп на 15-тиот меѓународен стрип салон „Велес 2017“...
На стрип конкурсот во 2015 година беа пристигнати дотогаш рекордни 228 дела од 42 земји од светот. Додека во 2016 г тој број уште повеке се зголеми и изнесуваше 254 пристигнати дела од сите континенти.
Споредбено со други сродни активности, посебно од регионот, тоа претставува солидна бројка бидејки овој салон е наменет само за стрип.
Освен квантитетот на добиени стрипови од странство интензивно се зголемува и интересот мегу македонската стрип сцена. Постојано се појавуваат нови имиња коишто го бараат своето место под „македонското стрип небо“. Посебно се зголемува соработката со училиштата и културни асоцијации од сите средини на Македонија, информираат од Стрип салонот. Изјави ване Трајков –извршен директор на македонскиот стрип центар.
Крајниот рок за поднесување на стрипови е 20.09.2017 г .
Повеке информации ,освен за овој конкурс и за други активности од македонската стрип сцена може да се најдат на веб страницата www.comicscenter.mk
Tweet |