Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 декември 2013
Објавена е стрип книгата „Кочо Рацин - живот, песни и смрт“ во издание на Македонскиот стрип центар со седиште во Велес. Сценариото за овој стрип кој на 50-тина страници го раскажува животот на македонскиот поет, е на Ване Трајков извршен директор на СЦМ Велес , а цртежот е на младиот дипломиран ликовен уметник Димитриј Михајловски, исто така од Велес.
Идејата да се нацрта животот на Рацин во форма на стрип, постои неколку години. Толку време работевме на сценариото, цртежот, обезбедување на финансиер, оти стрип уметноста е скапа. Пет години одевме по патот за да го создадеме ова дело. Добар дел од работата потрошивме на добивање на точните податоци за неговиот живот – вели Ване Трајков авторот на сценариото.
Тој подготвува и поширок синопсис, по кој сака да сними и филм за животот на Рацин. Според авторите, во ова дело не е даден акцент на детали и поедини периоди од животот на Кочо Рацин. Важноста на овој стрип е во практичната примена на оваа културата, нешто што се уште е редок пример во земјава.
Чувствуваме дека Стрип центарот кој е од Велес мора да има оставина, дело за својот сограѓанин, големиот Рацин. Тоа беше неодминливо, тоа е плаќање на долгот кон градот, кон историјата. Преку стрипот се овозможува соодветен тип на неформално учење и запознавање со историјата, географијата и останатите природни науки – рече Димитриј Михајловски цртачот на стрипот.
Тој е финансиски помогнат од Министерството за култура а печатен е во ,,Дата понс,, во Скопје, во црно бела техника, освен кориците кои се во тврд повез и во боја. Тиражот на стрипот е ограничен на 300 примероци, колку што е и цената на стрип – книгата. Т
аа ќе биде доставена до сите библиотеки во земјава а во слободна продажба може да се најде единствено во стрип салонот ,,Бункер,, во Скопје. Ова е трето стрип издание на стрип центарот од Велес, претходните години ги издадоа ,,Ајдучка чешма,, и ,, Мис Стон,,.
Tweet |