речник контакт

Објавени деталите за распределбата на тезгите од покриениот градски пазар, кој четврток свечено се предава во користење

Познато е и кој ќе ја сече црвената лента

Петар Печков

Покриениот градски пазар свечено се отвора в четврток на пладне. Градоначалникот на седница на Советот го откри сценариото како ќе се одвива овој чин.  Во знак на благодарност, свечената лента ќе ја сечат сегашниот и двајцата претходни градоначалници, кои ја започнаа целата постапка.

„Разговарав со Коцевски, со Чадиев и тие прифатија да присуствуваат на овој чин. Благодарност до Владата за средствата кои ги одвои за Светска банка за кредитот. Освен предвидените средства локална власт вложи и дополнителни средства 5,6 милиони денари еден милион за струја, 4-5 милиони за дислокација на колекторот“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Градежната парцела опфаќа речиси 4.172 квадратни метри, од кои 3,4 илјади  квадратни метри површина се наменети за продажба на производи.

„Градскиот пазар се градеше во две фази, еден и два. Од Владата добивме 40 милиони денари  со кои ја исплативме фаза 2 а преостанатите 7 милиони за фаза 1. За правата фаза поради каснење „Бауер БГ“ беше казнет со 1,7 милиони денари,  додека за фаза 2 „БВ инженеринг“, вкупната вредност се намали за 4,8 милиони денари.  Беше предвидено покривањето на Градскиот пазар да се реализира со 86 милиони денари а се потрошија 84 милиони денари,  двете фирми кои работеа се казнети за 6,3 милиони денари. Кај Светска банка се задолживме за 30,4 милиони денари“ - рече Снежана Дервишова од  одделението за комунални работи.

Според проектот, познато е каде, на кој негов дел, што ќе се продава.

„Хаосот пред пазарот ќе запре вторник (денес). Ова е последен ден кога имаме толеранција кон продавачите на паркингот, кој неодамна го асфалтиравме за потребите на граѓаните од тој дел на градот, но и за купувачите кои доаѓаат на пазар. До четврток ќе се изврши распределба на тезгите. Според проектот доле се предвидени продавачите на зеленчук и овошје а на горниот дел, текстил, железарија, цвеќе.  Но сите продавачи ќе бидат внатре. Ќе се вклучат сите институции и инспекции, за ова профункционира.  Ред мора да се воведе“ - изјави Колев.

Градежните работи за изградба на покриен Градски пазар, најголема инвестиција на Општина Велес изминатите 30 години, започнаа на 4 април 2021 година, со најава дека ќе завршат до ноември истата година. Работите се оддолжија две години, за што двете фирми изведувачи беа казнети.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »