речник контакт

Објектот на Велешки театар конечно со технички прием, вечерва прва претстава

Вечерва на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе се одигра претставата „Четири соби“ во режија на Синиша Ефтимов а објавен е и репертоарот за месец април

Петар Печков

После осум месеци пауза, од вечерва велешки театар  ги отвора вратите за публиката и на сцената актерите ќе одиграат претстава. За објектот имаше само интерен технички преглед  02.06.2015-та и шест  години, се до август минатото лето работеше без технички прием.

По пожарот на монтажната болница во Тетово во септември лани, надлежните решија да се отстранат сите констатирани недостатоци и објектот во Велес   да има технички прием.

Недостатоците во овој период од осум месеци  се отстранети, соопштија од Министерството за култура, кое се води како сопственик, бидејќи објектот беше се уште незавршен и се водеше како инвестиција.

„Заврши постапката за технички преглед на зградата на велешки театар, обезбедена е  употребна дозвола и извршен  упис во јавната книга на недвижности“- соопштија од Министерството за култура.

Вечерва на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе се одигра претставата „Четири соби“ во режија на Синиша Ефтимов, работена според мотиви од истоимениот култен филм од 1995 година. Објавен е и репертоарот за месец април, каде освен оваа претстава се и „Слуга на двајца господари“ „Синиот портокал“ и „Херои“  најавени се и две гостувања.

Годинава велешки театар доби средства од Министерството за култура по годишната програма за две претстави. „М. Батерфлај “ - автор Дејвид Хенри Хванг , режија Андреј Цветановски и   „Креон и Антигона“ - автор Ж. Ануј и Софокле, режија Дејан Ангелов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »