Петар Печков
Објавено: сабота, 06 мај 2017
По објавувањето на информацијата дека во месноста викана Трпезица, ќе се проширува градот, бројни беа коментарите на сограѓаните каде е таа.
Кој простор го зафаќа? Каде е лоцирана?
ТрМр одговори на вашите прашања и можете да ја видите на насловната фотографија.( на странката од височинката) Таа зафаќа дел помеѓу Скопски пат – Велес- до крстосница Башино Село и Штипска пруга. Од исток е патот кој води од рампата кај штипска пруга.
Зафаќа површина од 42 хектари. И тука се предвидени 361 плац за куќа, два градинки и еден голем трговски центар. Се разбира ако има интерес за продажбата на плацовите кога ќе се нудат.
Tweet |