Петар Печков
Објавено: вторник, 12 април 2011
Од денеска започна и втората фаза од проектот на ревитализација на Градскиот парк најавија надлежните од ЈКП Дервен. Работници од градежната компанија Изгрев инжинеринг работат на поставување ивичњаци на патеките во паркот а истовремено вработените од РЕ Паркови и зеленило работат на поставување на систем за наводнување долж патеките. По овие активности ќе следи сеење на трева по тревниците.
Во 3- та фаза од проектот ќе се изврши хортикултурно уредување на Градскиот парк. Сите активности од процесот за заживување ќе се извршуваат во временски период кога е најпогодно за правилен раст и развој на зеленилото, дрвјата и цвеќињата и во зависност од временските услови.
Претходно беа отстранети сите стари, деградирани дрвја и неорганизирано зеленило од паркот и се извршeна длабока обработка на земјиштето како подготовка за засадување.
Локалната власт најавува дека во паркот ќе има патека за трчање и возење на велосипед.
Tweet |