Петар Печков
Објавено: недела, 02 февруари 2014
1. Елен-Пенсилванија Кој некогаш би помислил дека овие мирољубиви суштества со слатки очи, спаѓаат под број еден- животни убијци во САД. Овие животни сакаат да се шетаат по автопатиштата, со што предизвикуваат милион автомобилски несреќи годишно во САД, од кои преку 200 смртни.-Како да се спасите?- Едноставно, вградете метални браници на предниот дел на автомобилот, и надевајте се дека еленот, нема да излезе пред вас.
2. Слонови-Индија Најголемите копнени животни можат да тежат и преку 7.500 килограми. Годишно, во светот се бележат околу 500 човечки умирања кои ги предизвикуваат слоновите, од кои дури стотина во Индија. -Како да се спасите? Слоновите, како и луѓето, посебно се опасни кога се пијани. Национал Географик пресмета, дека на просечен слон, потребни му се околу две литри чист етанол за да биде пијан. Затоа, кога сте во Индија, избегнувајте ги баровите кои на слоновите им служат алкохол во канти. Иако на прв поглед може да се чини интересно, овој факт може да ви го спаси животот.
3.Нилски коњ-Африка Нилскиот коњ секоја година убива речиси 3.000 ширум Африка. Поради својата изразена територијалност, ќе направат се за да ја заштитат и во секое живо суштество гледаат непријател. Изразено се брзи пливачи, но и тркачи, така што во вода и на копно, ретко кој може да им побегне ако тргнат во напад. -Како да се спасите? Најдобро би било да ги набљудувате од безбедна оддалеченост. Иако се брзи, лесно се изморуваат и се откажуваат.
4.Поларни мечки-Русија Со својата мускулна структура која е дизајнирана за сила, поларните мечки се познати по тоа да можат без проблеми од море да извадат 300 килограми мажјак фока. Главно оружје им се канџите кои кај возрасен мажјак достигнуваат должина и до 15 сантиметри, а 42-та заба се тука, за без проблем да ја скршат секоја коска.-Како да се спасите? Глумете дека сте мртви. Да, мечките не ги интересира ништо, што не им претставува предизвик. Само, прашањето е како да глумите мртовец, кога те душка животно од 500 килограми.
5. Пума-Калифорнија Овие животни, повеќе се во сродство со домашните мачки отколку со кралот на животните, но тоа не значи дека не се бесни. Ќе изедат било што, што ќе им дојде во близина кога се гладни. Во последните десет години, забележани се 80 напади во Северна Америка.-Како да се спасите? Направете се за да бидете повисоки и погласни.
6.Скорпии-Мексико Сите знаеме дека треба да се држиме што е можно подалеку од овие мали животинки, кои можат да убијат човек со само еден болен убод. Скорпиите во просек убиваат 3.000 лица годишно во Мексико. Како да се спасите? Бидете побрзи од нив и удрете го со чевелот.
7.Медуза-Филипини- Овие безрбетници, убиваат стотина луѓе годишно, а од нив, на Филипините убиваат 60 лица секоја година. Ако овде ве дофати коцкаста медуза, брзо простете се од блиските, затоа што најверојатно ви нема спас. -Како да се спасите? Можеби ќе ви се смеат, но единствена безбедност е да пливате во нуркачко одело.
8.Голема бела ајкула Австралија- Ајкулата може да биде тешка и до 1.100 килограми, и многу лесно може да ве растргне со своите остри заби. Годишно се забележуваат 100 напади.-Како да се спасите? Не е јасно зошто воопшто некој би се капел во вода каде има и најмала шанса да има вакво суштество.
9. Комарци-Африка Овие досадни инсекти, годишно убиваат меѓу 600.000 и милион лица годишно. Иако мнозинството од смртоносните напади се случуваат во Африка, тие комарци стана опасни насекаде.-Како да се спасите? Ако одите во Африка, со себе земете многу креми и спрејови против нив.
10. Лилјак вампир-Венецуела Овие лилјаци ја пијат крвта на жртвата додека спијат. Со гризењето тие пренесуваат беснило од што годишно во венецуела умираат околу 150 лица.-Како да се спасите? Едноставно. Затворете ги сите прозорци и надевајте се дека нема да ве каснат вас.
11. Американски крокодил-Флорида Предатор кој е на самиот врв на ланецот на исхрана. Ништо не може да му наштети, освен добро вооружен човек. Факт е дека крокодилот, без проблем би ги изел сите животни кои до сега ги наведовме.-Како да се спасите? Трчајте како да ви е последен пат и тоа цик-цак. Ова животно има кратки нозе, кои му оневозможуваат да прави нагли движења.
Tweet |