Петар Печков
Објавено: среда, 01 ноември 2023
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ го објави месечниот репертоар за ноември. Публиката ќе има можност да види една премиера - „Драма изгубена во времето“ работен по текст на Сашо Насев а во режија на Дејан Дамјановски. Премиерата е најавена за 10 ноември.
Претходно на 7 ноември скопскиот независен театар Златен елец, ќе ја одигра премиерно претставата „Добри луѓе“. Од тековните претстави на репертоарот се најдоа од вечерва, среда „Синиот портокал“, потоа „4 соби“, „Слуга на двајца господари“, „Татко“, „Сара“.
По неколку месечна пауза на сцената се враќа спектаклот „Инферно“. На 2 ноември, четврток најавено е гостување на актерите од Штипски театар со претставата „Роденден“ , на 11 ноември е детската балетска претстава Петар Пан“, на 20 ноември детската претстава „Чудесниот напиток“.
На 16 ноември е гостувањето на стенд ап комичарот Бојан Велевски. Велешки театар гостува во Белград во Белградско драмско позориште на 30 ноември со претставата „Нема струја за електричниот стол“.
Tweet |