речник контакт

Овој петок во периодот од 15 до 16 ч. во Велес измерени плус 39 степени

Најжешко беше во Демир Капија со +39,6 степени

Петар Печков

Овој петок, 21 јули, Велес  беше  измерена температура од 39 степени во сенка, според податоците на УХМР. На официјалната страница на Управата за хидрометеорологија, каде часовно се ажурираат податоците за моменталните температури, во Велес во периодот помеѓу 15 и  16 ч. измерени беа +39 степени Целзиусови.

Ова е податок од мерната станица која се наоѓа во близина на Општата болница, кај хелиодромот. Се мери според стандардите на Светската метеоролошка организација, на два метри над земја, на тревна површина и апаратура заштитена во куќарка.

Најтопло во Македонија беше во Демир Капија во 15ч. со 39,6 степени,  после Велес е Скопје - населба Карпош со 38,8 степени.  Четвртокот на 13 јули, во 15ч. во Велес, беа измерени исто така  +39 во сенка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »