Петар Печков
Објавено: среда, 25 март 2015
Продажниот салон на телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Велес,бил ограбен ноќеска. При кражбата, непознат(и) сторител((и) однеле скапи мобилни телефони и еден вреден рачен часовник. Од полицијата го потврдија кражбата.
Тешката кражба е извршена околу 1,30 по полноќ, со кршење на стаклото од влезната врата. Потоа е скршна и витрината каде стоеле мобилните телефони, при што се украдени 20 парчиња различни марки и еден рачен часовник - изјавија од СВР Велес.
Иако салонот се наоѓа во центарот на градот, на улица Страшо Пинџур 1, никој од соседите не гo видел сторителот(е). Меѓу украдените телефони има и од најактуелните модели ајфон, самсунг а часовникот е од вредна марка.
ОНЕ дополнително ќе ја достави проценетата материјална штета. Од полицијата информираа дека трагаат по сторителот на тешката кражба.
Tweet |