Петар Печков
Објавено: петок, 07 февруари 2020
Утрово околу 9,40ч. ограбена е експозитурата на ТТК Банка во Велес. Банката е во центарот на градот, и на главата улица 8-ми септември, но тоа не му пречело на разбојникот да ја ограби и побегне.
Според сведоци кои се нашле на местото на грабежот лицето било маскирано со заштитна маска против загадување на воздухот, со пиштол в раце.
Тој по закана од живот на вработените во експозитурата ги одзел парите и побегнал. СВР Велес го потврди случајот и кажаа дека се во потрага по сторителот. На излезите од градот полицијата врши контрола на автомобилите кои го напуштат Велес.
На 6-ти ноември, лани, беше ограбена филијала на Поштата кај Градскиот пазар во Велес при што маскираното лице одзело 150 илјади денари, а сторителот се уште не е откриен.
Tweet |