речник контакт

Ограбена е бензинска пумпа, украдени се 820 илјади денари

Двајцата напаѓачи со закана со пиштол по животот на вработениот одзеле кесе со пари

Петар Печков


Во неделата наутро  во Велес во 4,40 часот ограбена е Бензинската пумпа ,,Елан ,, ( поранешна Окта) на улицата Моша Пијаде, во близина на топилницата, информираа од СВР Велес.

Нападот ги извеле две масирани лица, со качулки на главата кои со себе имале пиштол. Тие влегле во бензинската, му се заканиле на вработениот Ѓ.Л. ( 32 год) по живот, и додека едниот со вперено оружје в глава го чувала вработениот, другиот ја пребарувал просторијата. Таму нашол кесе полно со пари, во кое имало 820 илјади денари.

Пред да избегаат, разбојниците го земале и хард дискот од видео надзорот, со кој е обезбедена пумпата. Потоа трчајќи се дале во бегство, со тоа што не е забележано дека во близината дека ги чекал автомобил. Велешката полиција преземеа мерки за пронаоѓање на сторителите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »