речник контакт

Ограбена менувачница на главната улица на ден пладне

Полицијата трага по разбојниците кои однесоа две илјади евра

Петар Печков

Менувачница во Велес е ограбена е среде бел ден при што се однесени две илјади евра.

Настанот се случил во саботата околу 10 часот на најфрекфентната градска улица, Благој Ѓорев, кога две маскирани лица со фантомки на главите влегле во менувачницата ,,Злате М,,.

Разбојниците откако влегле во менувачницата, едниот  од нив ја скршил  дрвената врата од работниот пулт и влегол  внатре, по што  физички ја нападнал  оштетената  удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и ја турнал на подот. За тоа време другото лице од фиока  во пултот ги место одзело парите, по што со трчање го напуштиле лице местото.

Оштетената повикала полиција, која работи на откривање на случајот и има неколку сомнителни лица, кои можеби се сторителите на грабежот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »