Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јануари 2017
Во велешката населба Горно Оризари, две продавници се ограбени пред Новата година. Сторителите, по кои полицијата трага однеле пари и цигари. И двете кражби биле со насилно обивање на влезната врата. Првата се случила на 30-ти а втората на 28-ми декември во текот на ноќните часови.
Во продавницата сопственост на Е.З ( 26 год) од касата се одземени 50 евра, како и сто штеки цигари и 20 ВИП мобилни картички. Од продавницата сопственост на Н.П. ( 41 год) од касата се одземени 250 евра и осум илјади денари, како и 20 штеки на цигари – информираа од МВР. Додаваат дека на лице место излегле екипи на СВР Велес и дека полицијата трага по сторителите.
Мештаните на населбата Горно Оризари која е близу Велес, а брои околу 2,54 илјади жители, се изненадени од дрскоста на крадците, бидејќи и двете продавници биле среде населба но никој ниту нешто видел, ниту слушнал при кражбите.
Tweet |