речник контакт

Ограбениот Илиeв преку терaса барал помош, откако бил нападнат со електрошокови

Продолжи судскиот процес за разбојништвото извршено над Панче Илиев

Петар Печков

Продолжи судскиот процес за разбојништво извршено над Панче Илиев, во кој се обвинети две лица Димче Цветков од Велес -претходно Ферди Амедов и Серџук Шерифов од Струмица. Сведочеше лице кое било во соседство и од кого  ограбениот побарал помош.

„Преку тераста Панче викаше по мене, беше паднат, лежеше и мавташе со рака, ме повикуваше по име. Истрчав веднаш до неговиот дом. Едната влезна врата беше отворена а втората  затворена. Од таму доаѓаше гласот на Панче, кој ми кажа да ја турнам и влезам. Така сторив, тој лежеше на под. Кажа дека го нападнале со електро шокови, дека го ограбиле. Беше конфузен во изјавите, мислам дека jac повикав полиција и брза помош“ – кажа сведокот. 

На прашање од обвинителството и одбраната, дали Панче кажал колку лица, кој бил/е напаѓачот, сведокот рече дека не се сеќава да слушнал имиња или лица и колку биле на број, додавајќи дека минало доста врема. 

Серџук Шерифов и Димче Цветков се  обвинети за кривичното дело разбојништво, тие  не признaваат вина. Според обвинението двајцата во група на 16 октомври 2024 година го нападнале оштетениот, сега починат. Од неговиот дом биле одземени пари и накит.  

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »