Петар Печков
Објавено: петок, 01 април 2011
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т. (19), Н.Н. (20) и О.Н. (18), тројцата од Велес, за сторени 17 кривични дела, од кои три „тешки кражби“, 13 кривични дела „кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид.
Пријавените делата ги извршиле на подрачје на Велес, во викенд куќи, од каде одзеле разни предмети во износ од 92.500 денари, а производите ги оштетувале и продавале во отпад во Велес.
Tweet |