речник контакт

Огревното дрво во ЈП „Македонски шуми“ со нови 20 отсто повисоки цени

Цените на сите видови огревно дрво се зголемени за 20 отсто, откако претходно беа непроменети од 2009 година

Петар Печков

Од првиот ден на септември, нов удар по домашниот буџет. Тие што се греат на огревно дрво, ќе плаќаат повисоки цени ако  снабдуваат од ЈП Национални  шуми. Огревното дабово дрво  кое што досега беше  по цена од  2 454 денари за просторен метар, се продава за 3 000 денари со ДДВ, а буката е за 100 денари поевтина.

Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ се продава по 20 проценти повисока цена, откако стапи во сила одлуката на УО на претпријатието од 21 јули годинава за која вчера е добиена согласност од Владата.

„Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ на 21 јули донесе одлука за зголемување на цените на главните шумски производи и за таа одлука чекавме согласност од Владата и ја добивме на 31 август.  Национални шуми од вчера веќе ги продава своите производи со повисоки цени за 20 отсто од досегашните“ изјави в.д. директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски.

Цените  на сите видови огревно дрво се зголемени за 20 отсто, откако претходно беа непроменети од 2009 година.

„Овие цени за „Национални шуми“ во овој момент не се финансиски исплатливи. Со овие цени ние работиме со загуба“, изјави в.д. директорот Валентин Груевски, кога јавното претпријатие бараше дозвола од Владата за зголемување на цените.

„Национални шуми“ годинава планира да произведе околу 400.000 кубни метри огревно дрво, што е за 50.000 кубици повеќе од лани. Но, годинава значително е зголемен и интересот на граѓаните да се греат на дрва,

„Граѓаните се плашат и се создава страв дека можеби ќе нема струја, па тие што никогаш не користеле дрво, сакаат да набават. Дел од тие што набавувале одредена количина на дрво, сакаат да купат  повеќе. Во тоа може да настане одреден проблем во однос на тоа дали ќе има или не“ вели Груевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »