Петар Печков
Објавено: недела, 08 февруари 2015
Поради одрон на камења, после наплатната рампа кај Сопот, на автопатот Скопје - Велес, се вози во една коловозна лента. Ова е во должина од 200 м. препорачуваат од ЈП Македонија пат. По една коловозна лента се вози и на делницата од автопатот Велес - Скопје од клучката кај Штип до наплатна рампа Отовица .
По една коловозна лента се вози и на магистралниот пат од Велес до Кадрифаково. Причина зошто се вози по една лента е што се изведуваат градежни работи. На автопатот се санираат мостовите додека до Кадрифаково се гради трета сообраќајна лента, информираат од АМСМ. На сите овие патни правци имало поставена сообраќајна сигнализација и надлежните посочуваат дека таа треба да с е почитува.
Tweet |