Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 јули 2021
Денес започна вакцинацијата за деца од 12 до 17 годишна возарот. Во вакциналниот пункт во Велес има пријавено 79 деца а денес се вакцинираа тие на возраст од 16 и 17 години.
„Имаше термини за 46 деца, дојдоа 40 и нив им беше пуштена вакцина „Фајзер“. Добија и покана за втора доза по 21 ден“ - кажа д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велес, каде се пушташе оваа вакцина за заштита од ковид-19.
Во исто време во овој пункт се пушташе прва доза „Синовак“ без закажан термин. До 13ч. биле вакцинирани околу стотина граѓани.
Во вакциналниот пункт во спортска сала „УЗУС“ започна пуштањето на втора доза „Фајзер“ и поради големиот број на лиџа кои беа да ја примат, денес и утре тој работи од 8 до 17ч.
Tweet |