Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 март 2015
Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии од Велес од денеска ги почна отворените денови со граѓаните. Одделението го посети директорот кој го следеше стартот на овој проект,директна средба со граѓаните.
Според податоците со кои располагаме одделението во Велес има примено 12 илјади предмети за приватизација на земјиштето. од нив остануваат за работа уште околу 6 илјади. Во најголем дел причинети што има уште толку предмети лежи во нерегулираните имотно - прaвни односи кај барателите, несредени оставински поставки, незавршени судски постапки - кои се во тек. За некои причината лежи и во недонесените Урбанистички планови, некои се во не корелација помеѓу ГУП и ДУП, поради што остварив средба и со градоначалникот и потребен е поголем ангажман на локалнта самоуправа - изјави Зоран Крстаноски директор на Управата за имотно-правни односи, при посетата на одделението во Велес.
Таму имаше малкумина заинтересирани граѓани,кои бараат одговори на нивните нерешени прашања. Овие 12 илјади поднесени барања се однесуваат на барање за откуп на дворните места и на земјиштето под зградите под објект, каде станарите живеат. Некои од нив бараа одговор за моменталниот статус на нивните поднесени барања, во која фаза се, до каде се стигнати.
Други дошле на консултации, иако прашањата за кои бараат одговор не се во сферата на работата на службата за имотно правни односи. Според градоначалникот Чадиев, ваквата посета овозможува да се направи стратегија за усвојување детални урбанистички планови.
Констатиравме што е најзанчајно во мометов, на кои делови од градот да се посвети внимание, како и за експропријацијата на земјиштето и начинот на кои тоа ќе се направи за оние локации кои ќе бидат значајни за градот – истакна при средбата градоначалникот Славчо Чадиев.
Директорот Крстановски одговарајќи на новинарско прашање изјави дека оваа Управа како надлежна за експропријација, за одделението кое од Велес го покрива регионот, се однесува на земјиште каде во иднина се планира да се гради патот Градско -Прилеп и која земја треба да се експроприра.
Tweet |