речник контакт

Од Њујорк во Велес, изложба на Ибрахим Беди

Изложба на инсталации и цртежи на објекти

Петар Печков

Изложбата на Беди била премеирно прикажана лани летото, во август во Њујорк апо осум месеци и во Ликовниот салон. По тамошната публика ја виделе и  во пет града во Македонија а од синоќа  и велешката публика.

 Изложените дела се под наслов ,,сеќавања,,. Во најголем број цртежи на објекти. Ова излагање по градови е со идеја да се надополнат од секој град со впечатоци на авторот, преку некое ново дело - изјави Нада Кецкаровска од Дирекција за култура и уметност на Скопје, организатор на изложбата..

Проектот „Кич, да!?/сте или не/“, чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност, веќе осма година по ред продолжува да се реализира во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура. Во негови рамки се реализира  изложбата на Ибрахим Беди,  во Ликовниот салон во Велес.

Беди Ибрахим е роден во 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Ваајрскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање. Бил и претставник на Македонија на престижното Светско биенале во Венеција со групата „Зеро“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »